Лионел Меси ги прекина сите преговори околу продолжување на договорот и ќе ја напушти Барселона следното лето.
Престижното радио „Кадена сер“ околу полноќ ја објави бомбастичната информација која ја пренесоа сите шпански медиуми.
На Аргентинецот тогаш му истекува договорот и редовите на каталонскиот гигант би ги напуштил како слободен играч после 20 години минати во него.
-Меси е огорчен со ситуацијата во клубот на сите нивоа, а и се презасити, па одлучи да ги прекине преговорите околу продолжување на соработката. Ќе одигра уште една сезона, колку што договорот го обврзува со Браселона и потоа ќе замине, објавено е околу полноќ во емисијата Ларгуеро“.
Имајќи предвид дека „Кадена сер“ е најслушано радио во Шпанија, оваа вест веднаш одекна, иако беше објавена доцна во ноќта.