Шесто издание на „Тура преку Слива“ – oваа година ќе трае 2 дена, диџеи, забава, дружење, рекреација

Шестото издание на Тура преку Слива оваа година, за прв пат, е дводневен настан во кој се вклучени :

-Велосипедска тура 30км/800м. искачување https://strava.app.link/pCo2Lq87IZ

-Планинарска тура 9км/500м. https://strava.app.link/S8GLSu27IZ

– Кампот ќе биде лоциран во с.Штавица.

– За ноќниот дел од дружбата ќе имаме локални Ди-џеј Селектори кој ќе се погрижат за вашето расположение.

– Стартен пакет ќе биде 500 ден. во kој ќе бидат вклучени ( маичка, бандана, освежителни добра од наши пријатели, освежителни попатни пунктови и ручек на крајот од турата )

– Оваа година акцент ставаме на дружење на учесниците, турите се средно тешки 7/10.

– Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.

– За секој учесник задолжително е носење на заштитна кацига.

– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.

– За малолетни лица под 16 год.потребно е придружба од родител-старател или потпишана изјава за лица од 16-18 год.

– Напред , во средината и назад возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат.

– Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека..


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.