Шарена пита со шунка, тиквици и сирење

Состојки: 250 гр шунка, 4 јајца, 1 кора за пита, 200 гр тиквици, 100 гр тврдо сирење, сол, бибер, оригано.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете јајца и додајте шунка, исечкана на коцки или ленти. Потоа додајте изрендано сирење и исечкани тиквици. Сè зачинете со малку сол, бибер и оригано.

Целата смеса заедно излејте ја на готовата кора и печете во загреана рерна околу 40 минути.

Добар апетит!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.