ЧУДО! Костадинов: Мицкоски да се засрами од ова што му се случи на Заев

Оставка не поднесува оној којшто се бори државата да стане полноправна членка на НАТО, и да продолжат интеграциите во Европската унија. Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на оние кои не сакаат нашата татковина да стане членка на НАТО и ЕУ.

Ова го истакна на денешната прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

Почитувани граѓани, почитувани новинари, прв се јави антизападниот пион Христијан Мицкоски. Мицкоски е очигледно фрустриран поради тоа што премиерот Зоран Заев жестоко ги брани државните и националните интереси, членството во ЕУ и НАТО! И тоа го прави секаде, и во јавните настапи и во телефонските разговори, рече Костадинов.

Заканите, продолжи Костадинов, од хибридни напади, лажни вести и манипулации се само затоа што сме посветени и стануваме 30 земја членка на НАТО.

Што се однесува до предвремените избори, Мицкоски исто вака лажно се силеше и пред претседателските избори, па доживеа пораз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги загубија претседателските избори, но ги загубија и локалните избори во Охрид и Ново Село. Антизападниот Мицкоски, кој нема ниту програма ниту понуда, може да се надева само на уште еден пораз. Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. С. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, рече Костадинов во одбрана на партискиот лидер и премиер, Зоран Заев, кој во три наврати, во текот на една година разговарал со двајцата руски комичари и мислел дека разговара со Порошенко и Столтенберг.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.