Американската тенисерка Кори Гауф ја елиминираше актуелната шампионка на Австралијан опен, Наоми Осака со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4.
Осака во текот на мечот не личеше на себе со играта, па 15-годишната Гауф ги користеше сите шанси кои ги доби. Во првиот сет направи еден брејк со што лесно славеше со 6-3, по што вториот почна со по еден брејк на двете страни, а на крајот Американката го реши мечот во своја корист.
Од почетокот до крајот Јапонката мораше да се брани, додека од друга страна Гауф лесно ја „кршеше“ поискусната противничка и така стигна до една од најголемите победи во кариерата досега.
Unbelievable.
15-year-old Coco Gauff has defeated defending Australian Open champ and world No. 3 Naomi Osaka in straight sets. pic.twitter.com/G81bVhEVfp
— ESPN (@espn) January 24, 2020