Четкајте ги забите со оваа смеса – кажете им збогум на кариесот и забниот камен

Наслагите од забен камен не само што изгледаат грдо, туку можат да предизвикаат и сериозни проблеми.

Забниот камен е тврда наслага на забите која се таложи со текот на времето.

Доколку спаѓате и вие во категоријата на луѓе кои се тресат од страв при посета на стоматолог, тогаш овие природни решенија се идеални за вас:

Рецепт 1

Состојки: 30 g лушпи од ореви, Малку вода

Начин на подготовка:

Ставете ги лушпите од орев во тенџерче, додајте вода и варете ги 15 минути. Во добиената смеса натопете ја четката за заби и мијте ги забите 5 минути. Оваа процедура повторувајте ја во утринските, попладневните и вечерните часови.

Рецепт 2

Состојки: 4 кафени лажички семки од сончоглед, 4 кафени лажички цвет од липа, 1l вода

Начин на подготовка:

Ставете ги состојките во сад, прелијте ги со вода и варете ги околу половина час. Мијте ги забите со оваа смеса после секој оброк.

Рецепт 3

Јаболковиот оцет може да се користи за отстранување на забен камен, но употребувајте го само еднаш неделно. Ставете малку јаболков оцет во уста и тријте со четка за заби. Потоа темелно измијте ја устата со вода.

Рецепт 4

Сода бикарбона исто така може да ви помогне да го отстраните забниот камен. Ставете малку сода бикарбона на намокрена четка и со неа исчистете го каменот. Можете да додадете и малку сол, па да ги исчеткате забите. Заради силното дејство, доволно е постапката да ја повторувате на 2 недели.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.