Чевлата и испадна за време на воената парада во Русија: За тоа што се случи потоа денеска зборува целиот свет (Видео)

Командантот на руската балтичка флота, адмирал Александар Носатов пред три дена лично и врачи награда на учесничката во воената парада на победата во Русија.

Имено на учесничката за време на парадата и се соблече и загуби чевелот, но наместо да направи застој таа продолжи да маршира, по што стана вистинска сензација низ целата земја и светот.

Поради нејзината храброст денеска таа добила благодарница, медал и букет цвеќе за својата снаодливост, пренесува РИА новости.

Ксенија Калчинској исто така е наградена за издржливоста и самоконтролата која ја покажала во текот на воената парада, не забележувајќи го тоа речиси од никого.

Инаку таа денеска стана вистински херој во Русија, а веќе четири години служи како медицинска сестра во штабот во една против пожарна единица.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.