Цуцуловски: Според Уcтав ако мандатapoт не фopмира Bлада, мopa да има нови избopи

Фејсбук статус на универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски

“ВТОРИ ИЗБОРИ? Кога Стево Пендаровски ќе го довери мандатот на тој што ќе обезбеди парламентарно мнозинство, треба да биде свесен дека ако мандаторот (независно од кои причини) не успее да состави влада, според македонските закони, вклучувајќи го и Уставот, не е предвидено второ давање мандат, како што тоа го направи (од незнаење ли?) неговиот претходник, Ѓорѓе Иванов. На ова децидно упатува Член 90 од Уставот.

Во него, во ниту еден дел/став, не е предвидено второ давање мандат. Членот завршува со ставот: „Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“ – и т о л к у! Никаде не е предвидено второ давање на мандат.

Притоа, тоа е единствениот член од Уставот во кој се определени условите за давање на мандат и формирање нова влада. Тоа значи дека (ако после првото и единствено можното законско давање мандат) не дојде до формирање на влада, нужно следат нови избори.

На ова укажував и во 2017 година, кога Ѓорѓе Иванов мандатот (после неуспехот на Груевски да формира влада, заради недостиг на парламентарно мнозиство) го довери на Заев. Во прилогот (фотографијата) го пренесувам во целост Член 90 од Уставот”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.