ЦУК: Најголемиот број на пожари во прилепско се ставени под контрола

На територијата на земјава денеска има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола се шест, а изгаснат е еден пожар, информираше Центарот за управување со кризи.

Како се наведува во соопштението, најголемиот број на пожари во прилепско се ставени под контрола, освен пожарот кај селата Волково и Дуње, додека пожарот во близина на Дата центар е изгаснат.

Активни се пожарите во општина Чашка кај селото Степанци, во општина Зелениково кај селото Горни Дејковец, како и пожарот во општина Липково кај селото Матејче.

Под контрола е ставен и пожарот во општина Долнени кај село Десово, како и во општина Берово кај местото викано Паруца




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.