Цел чопор кучиња во близина на училиште во Прилеп: Граѓаните бараат итно решавање на проблемот (ФОТО)

Цел чопор кучиња деновиве шета низ населбата “Марино маало” во Прилеп.

Жителите од овој дел на градот се жалат дека е неподносливо да се спие навечер кога кучињата прават голема бука, а се плашат и за безбедноста, особено за најмалите.

Утрово наш читател ни испрати фотографија од кучињата кои биле забележани во близина на ООУ “Гоце Делчев”.

Жителите на оваа прилепска населба упатуваат апел до надлежните да го решат проблемот со кучињата скитници, кои како никогаш порано ги има во голем број.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.