Хeри Мегваер стана најскапиот дефанзивец во светот

Стоперот на Лестер, Хари Мегваер, денеска потпиша шестгодишен договор со Манчестер Јунајтед за 80 милиони фунти и стана најскапиот дефанзивец во светот.

Англискиот интернационалец потпиша шестгодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Рекордот за најскап дефанзивец досега го држеше Вирџил ван Дајк, кој минатиот јануари се пресели за 75 милиони фунти од Саутемптон во Ливерпул.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.