Хуманитарно рели во Прилеп: Со вашето присуство на натпреварот ќе придонесете за подобро утре на малиот херој од Прилеп

Клубот “Off-Road Prilep” во недела, на 13 октомври, ќе организира ХУМАНИТАРЕН „Off Road 4×4 Show“ натпревар кој ќе се одржи на полигонот за екстремни спортови кај Лагово.

– Се покануваат сите клубови од Македонија, а воедно и сите љубители на оff-road да бидат дел од овој настан и сите заедно да докажеме „We are HUMANE people“ – стои во поканата од клубот на Фејсбук.

Од клубот додаваат и дека со вашето присуство на “Off Road 4×4 Show” придонесувате за подобро утре на младиот Дејан Најдоски од Прилеп кој боледува од аутизам.

За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки.

“Со Божја помош и помошта од сите хумани луѓе, Дејан Најдоски позитивно ги прими матичните клетки од двата третмани. Според мислењето на докторите во Турција за да се постигнат најдобри резултати, веднаш во рок од 1 месец потребно е да се изврши и третиот третман, а по него во ноември и четвртиот. За третиот третман ни недостигаат 4.000 долари, а додека за четвртиот 10.000 долари. Ги замислуваат сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат да придонесат состојбата на Дејан да се подобри”, вели таткото на Дејан.

Родителите на Дејан од срце им се заблагодаруваат на сите кои досега им помогнаа и веруваат дека одново со Божја помош, нивниот мал ангел ќе добие нормално и безгрижно детство.

Ајде Прилеп, ајде Македонијо! Успеавме еднаш, можеме одново да направиме чудо!

Телефонските броеви за донации и жиро сметката се во продолжение:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.