Хит видео:”Заев го виде Трамп”

Премиерот Заев не се пофали за средбата со американскиот претседател Доналд Tpaмп како што го направи тоа пред две години во Обединетите Нации во Њујорк. Можеби затоа што оваа средба трaеше малку пократко односно 5 секунди, за разлика од претходната која беше подолга за една секунда.

Имено, премиерот воопшто немаше да се види со Tpaмп доколку сам не му пријдеше од зад грб за да се поздрават.

Пред две години кога ПиАрот на Заев објави средба со Трамп беше откриено дека средба како и сега воопшто немало туку дека Заев во минување искористил прилика да се ракува а поздравувањето кое беше прикажано како средба го снимаше министерот за надворешни работи Никола Димитров.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.