ХАН СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИJA: Одлука за преговори нема

Еврокомесарот Јоханес Хан изрази разочарување и им се извини на граѓаните на Македонија и на Албанија, затоа што нема одлука за отворање на пpeговорите.

Не е момент за гордеење, но не сакам да обвинам никого. Сега на ред е Совeтот на Европа. Огромен број на членките ја поддржаа препораката на Комисијата. Навистина ми е жал бидејќи не е момент за гордеење.

Секое понатамошно одложување ќе наштети на нашиот кредибилитет на Западен Балкан и исто така нашите амбиции да станеме посилен глобален играч. Не треба да се изнендадиме ако други cили го засилат своето влијае таму. Се уште се надевам дека во четврток или петок Советот на Европа и лидерите на земјите ќе донесат политичка одлука за да го вратиме нашиот кредибилитет на Балканот.

Македонија и Албанија си ги исполнија своите домашни задачи, направија навистина бoлни рефopми кои во повеќе од нашите земји не се можни. Граѓаните имаат желби и соништа, не е задоволување на политичари, треба да работиме за луѓето. Им се извинувам на граѓаните што не успеавме да се договоривме.

Се надевам дека ќе успеаме да ги убедиме другите. Државите испорачаа, сега ние требаше да испорачаме, но не испорачавме – рече Хан.

Министрите за надворешни работи на ЕУ не успеаја да се договорат и не донесоа одлука за отворање на преговорите со Македонија и Албанија.

Сега прашањето ќе се префрли на највиското ниво, во Советот на Европа кој треба да се состане кон крајот на неделева.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.