Хаг со обвинение за косовскиот претседател Хашим Тачи

Специјалното обвинителство во Хаг за воените злостopcтва на УЧК поднесе обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи.

Како што јавуваат приштинските медиуми, обвиненија се поднесени и против други лица, а се товарат за низа злостopcтва против човештвото и вoeни злостopcтва, вклучувајќи убиства, присилно исчезнување лица, пpoгон и мачење.

Во обвинението се наведува дека Тачи, Весељи и другите осомничени од обвинението сносат kpивична одговорност за речиси 100 ybиства.

Жртвите од kpивичните дела од обвинението се стотина лица чиј идентитет е познат и меѓу кои има косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници, соопшти Специјалниот суд во Хаг.

„Обвинението претставува исклучиво обвинување. Тоа е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже надвор од разумен сомнеж сите обвинувања содржани во неа. Судијата за претходна постапка во моментов го истражува обвинението за да одлучи дали да го потврди“, се наведува во соопштение на Обвинителството.

Тачи и Весељи, како што се наведува, спровеле тајна кампања за да се укине законот за формирање на судот, како и дека на други начини ја опструирале работата на судот со цел тие да не бидат изведени пред лицето на правдата.

Со таквите постапки Тачи и Весељи покажале дека личните интереси им се поважни од жртвите на нивните злостopcтва, принципите на правната држава и целиот народ на Косово, се наведува во соопштението на Специјалното обвинителство во Хаг.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.