Фудбалерите на Болоња застанаа пред болницата на Синиша Михајловиќ и го скандираа неговото име: Доказ дека фудбалот е повеќе од игра (Видео)

Во рамките од третото коло во Сериа А, Болоња тимот кој го предводи Синиша Михајловиќ, гостуваше кај Бреша и забележа победа од 3:4.

Триумфот беше уште позначаен ако се има во предвид дека Болоња губеше со 3:1 и успеа да го заврти натпреварот за втора победа сезонава во италијанското калчо.

Михајловиќ и на овој натпревар не беше на теренот со своите фудбалери, а натпреварот го следеше од болничката соба. Но, фудбалерите му приредија вистинско изненадување кога после триумфот застанаа со автобусот пред болницата и го скандираа неговото име.

Србинот потоа се појавил на прозороцет и ги поздравил своите херои.

Ова се моменти кои докажуваат дека фудбалот е повеќе од игра.

Видеото од овој настан можете да го погледнете ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.