(Фото) Јадете во “кафана” на сметка на државата: Еве како британската влада ќе им помага на угостителите

Британската влада одлучи да започне акција “Јади во ресторан, помогни му на ресторанот” и да субвенционира 50%, најмногу до 10 фунти по гостин.

Ројтерс известува дека оваа акција ќе трае за време на целиот месец август и дека ќе се спроведува секој понеделник, вторник и среда, денови во кои бројот на гости во рестораните е помал.

Целта на оваа акција е да им се помогне на угостителите кои се борат со последиците од пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.