(Фото) Уникатна празнична порака на влезот во Скопје

Град Скопје со празнична порака за возачите…

“Сами за Валентин? Појасот нека Ве гушне!”, стои на информативна табла на влезот во Скопје.

“Среќен празник Ви посакува Град Скопје. Возете безбедно!”, порачаа од Град Скопје на Фејсбук.

Инаку православните христијани денеска го празнуваат Светиот маченик Трифун, кој кај народот е познат како покровител на земјоделците и заштитник на виното и виновите лози.

Чашката вино вечерва е неизоставен дел и за оние кои празнуваат Св. Трифун и за оние кои се заљубени, па затоа не возете доколку вечерва пиете!


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.