(Фото) Со “фрлање паричка” ќе го одредат победникот на изборите: Кандидатите добиле еднаков број на гласови

За тоа кој ќе биде претседател на месното собрание на едно село во САД, повторно ќе се одлучува со фрлање паричка, “глава-писмо”.

Изборот на првиот човек на Магнолија, мало село во Охајо, заглави бидејќи кандидатите Тревис Бојди и Грант Даунс добиле по 127 гласови од гласачите.

Дали Бојд или Даунс ќе ја добијат големата должност ќе се пресуди со фрлање паричка, а тоа официјално ќе биде направено за две недели.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.