(Фото) Сите се прашуваат зошто во ова место во Германија нема коронавирус: Тука се наоѓа центарот за обука на НАТО

Германското село Обермергау, во кое се наоѓа НАТО центарот за обука, еден од најголемите во светот, нема ниту еден регистриран случај на коронавирус, а мештаните веруваат дека од епидемијата ги чува заветот стар 400 години.

Мештаните на Обермергау веруваат дека од зараза ги штити заветот кој го дале уште во 1633 година, за време на “чумата”, пишува Њујорк Тајмс.

Епидемијата на “чумата” во 17 век одзела многу животи во ова место и тогап, како што вели локалниот свештеник Томас Гронер, жителите на ова место му ветиле на Бог дека редовно ќе ја изведуваат претставата “Живот, смрт и воскресение на Исус Христос”, само да ги поштеди.

Легендата вели дека од тогаш никој во ова баварско село не умрел од епидемија.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.