(Фото) “Романтичарот” во врска со најубавата спортска водителка во Италија

Славниот турски актер Јан Јаман, кој во моментов важи за еден од најпопуларните мажи на светот, наводно е во врска со убавата италијанска спортска новинарка Дилета Леота!

Адвокат, модел и актер кој ги полуде сите жени ширум регионот со својот изглед и улога во серијата „Романтичарот“ преку ноќ, неодамна престојуваше во Рим на деловен ангажман, а фановите го чекаа пред хотелот во кој престојуваше.

Иако секојдневно се пишуваше за Јан за време на неговата посета на Италија, каде тој е многу популарен, веста што сега одекна како бомба е дека актерот наводно бил виден со привлечната Дилета во хотелот каде што престојувал, каде што престојувала таа во тоа време.

Ниту еден од нив засега се нема огласено за ваквите наводи.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.