(Фото) Погледнете што пронашле цариниците во тегли со “Нутела”

Цариниците речиси секојдневно откриваат мали количини нapkoтици, кои патниците ги сокриваат на најразлични места, но случајот забележан за време на изминатиот викенд на преминот Градина во Србија е вистински исклучок. Откриени биле неколку кесички со мapиxyaна во тегли со нутела.

Hapkoтците се откриени на 27 јуни 2020 година на излезот од државата, кога за контрола пристигнало возило “мерцедес” со германски регистерски ознаки, а во него имало двајца турски државјани.

40-годишниот возач и сопатникот тврделе дека немаат што да пријават, но цариниците во соработка со полициjaта, сепак одлучиле детално да го прегледаат нивниот багаж.

Во торбата со храна која се наоѓала меѓу останатиот товар, имало и четири тегли со нутела. Цариникот забележал дена на едната од нив нема алуминиумска фолија, односно дека теглата е отворана, а изгледало како да е полна.

Сомнежот бил оправдан, бидејќи од теглите извадиле две кесички во кои имало околу 50 грама мapиxyaна.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.