Родителите на учениците во општинското училиште Обединети нации во Србија се вознемирени по дознавањето дека во училиштето се појавувал непознат маж кој им приоѓал на девојчињата и му нудел после часовите да ги води во Мекдоналдс.
– Четири девојчиња од четврто одделени седеле на клупите, кога им се приближил непознат човек и ги прашал како се викаат, а потоа се понудил да ги одведе во “Мек”?! Им рекол ако не сакаат денес, тогаш ќе дојде утре повторно да ги праша- раскажал вознемирен родител за српски Курир.