(Фото) Нарачала торта во облик на еднорог: Кога ја добила и било срам да ја покаже пред гостите- погледнете зошто

Александра Шредер од американскиот град Мичиген долго го планирала петтиот роденден на својата ќерка, но вели дека се се претворило во катастрофа поради слаткарницата Whipped Bakery.

Александра од таа слаткарница нарачала торта во облик на еднорог и изнајмила простор за 13 луѓе. Сетоа тоа го платила 350 долари, но вели дека слаткарницата обезбедила само една маса и 6 столчиња.

-Ми рекоа дека гостите може да стојат – рекла разочараната Американка за „19 News”.

Тортата вели, била далеку од очекувањата.

-Рогот кој излегуваше од тортата беше срамен. Се гледаа траги од прсти на него и не беше златен. Кога прашав дали може да ја видам тортата пред забавата ми рекоа дека не е готова – рекла Александра која се пожалила на социјалните мрежи, откако од слаткарницата ја обвиниле дека таа и нејзините гости го уништиле просторот за забава.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.