(Фото) Мистериозен град на духови се појави сред езеро: Никогаш претходно не го виделе- исчезна за половина час

Граѓаните на кинескиот град Хваијана биле шокирани кога на хоризонтот здогледале мистериозен “град на духови”.

Оние кои биле во близна на езерото Хонгцеа можеле да видат како од водата излегуваат згради, дрвја и турбина.

Спектаклот кој настанал по поројниот дожд траел само половина час.

Се работи за фатаморгана која настанува кога влагата во воздухот станува потопла од температурата на водата. Сончевите зраци преминале од поле на ладен кон поле со топол воздух, па се создала рефлексија, односно во овој случај, илузија дека во езерото има град.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.