Фото: “Лаже ли директорката на ЈП за ПУП дека тендерот бил меѓународен? Нешто е матно во овие милион евра набавка??”

На денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп околу сомнежите за набавката на 4 нови автобуси на метан од општина Прилеп, реагираше и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, Марија Цветаноска.

Наспорти тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека за оваа набавка не бил објавен меѓународен тендер, Цветаноска го тврди спротивното дека таков тендер бил објавен, а компанијата која го добила тендерот била ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ.

Но, податоците од електронскиот систем на Бирото за јавни набавки го зборуваат спротивното.

Таму пишува дека за набавката не било услов објавување на меѓународен тендер, при што се поставува прашањето дали Цветаноста лаже и дали навистина постои нешто спорно околу купувањето на четирите автобуси за 1 милион евра.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.