ФОТО: Зградата на Државниот архив, Археолошкиот музеј и Уставниот суд свети во боите на француското знаме

Во спомен на загинатите во Париз и француската држава, зградата на ДРЖАВНИОТ АРХИВ, АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ и УСТАВНИОТ СУД на Република Македонија свети во боите на француското знаме.
muzej_thumb_medium500_281

По серијата напади, во кои загинаа најмалку 150 лица, бројни згради и споменици во светот се осветлени во боите на француското знаме. Врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк денеска е осветлен во сино-бело-црвена боја, а ќе остане така и во следните денови, во чест на убиените во терористичките напади во Париз.
muzej-1_thumb_medium500_281

Емпајер Стејт билдинг синоќа беше осветлен во сина боја, по што ги угаси сите светла и потона во мрак. Градскиот совет во Сан Франциско, хотелот Омни во Далас и кулата во Торонто и статуата на Христос во Рио де Женеиро исто така е осветлена во боите на француското знаме.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.