(Фото) За тие што поверуваа дека блескаме: Oва се условите во болницата во Демир Хисар во која се сместени македонските граѓани во карантин?

Откако минатата недела јавноста беше запознаена со скандалозното сместување на музичката група од Струмица во нечовечките и нехумани услови во касарната во Пеплиште каде требаше да бидат во државен карантин, министерството за одбрана се одлучи тие и останатите „200“ невидливи граѓани кои пристигнале во Македонија да ги смести во Психијатриската болница Демир Хисар.

Денеска до нашата редакција пристигнаа фотографии на кои се гледа какви се условите во болницата во Демир Хисар.

Дали навистина македонските граѓани кои се вратени од странство и прифатиле државен карантин се сместени повторно во нечовечки и нехумани услови останува да видиме.

Инаку претходно јавноста беше сведок на музичката група од Струмица која една ноќ помина на Криволак во касарната Пеплиште, а нивното сведоштво го објавија и преку видео порака.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.