(Фото галерија) Jубилеј за почит: Со богата програма одбележани 40 години од манифестацијата “Мариовско-мегленски културни средби”

Во прекрасниот амбиент на манастирот „Св. Илија“ во с.Мелница во Мариово, денеска беа одбележани 40 години од одржувањето на „Мариовско-мегленските културни средби“ – манифестација која веќе четири децении ја чува и промовира богатата културна традиција на овој крај.

Со песна, оро, народни носии и бројни учесници, јубилејното издание уште еднаш ја потврди вредноста на настанот кој низ годините прерасна во симбол на мариовскиот дух, истрајноста и љубовта кон македонското културно наследство.

„Мариовско-мегленските културни средби“ се место каде се негуваат старите обичаи, се пренесуваат приказните на предците и се одржува жива традицијата која ги поврзува генерациите.

Јубилејот беше можност да се оддаде признание на сите учесници, културно-уметнички друштва, организатори, волонтери и поддржувачи кои со својата посветеност придонесуваат оваа манифестација да продолжи да живее и да биде еден од најзначајните културни настани во регионот.

Четириесет години „Мариовско-мегленски културни средби“ се сведоштво за богатството на Мариово и за силата на традицијата која продолжува да ги обединува луѓето околу македонската песна, оро и култура.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.