(Фото галерија) Стадионот со вештачка трева во Прилеп стана “џунгла”: Ќе се запусти ли еден од најубавите спортски објекти?

Стадионот со вештачка трева во населбата со типски куќи во Прилеп во употреба беше пуштен во 2014 година

Од тогаш до денеска на овој стадион тренираат стотици деца од младинските школи на ФК Победа, како и учениците од Фудбалската академија од Прилеп.

Тука натпревари имаат одигрувано и сениорските екипи на Победа. Стадионот беше современ, а во склоп на истиот беа изградени и соблекувални.

Она што може да се забележи денеска околу теренот е една неубава слика. Просторот е обраснат со трева, неуреден, а соблекувалните се далеку од чисти.

При нашата посета денеска децата тренираа, а родителите се трудеа да ги следат преку обраснатата “џунгла”.

Граѓаните од оваа населба апелираат до надлежните да се ангажираат и да со средат просторот. Велат “ќе зовриеме од змии”.

Погледнете:

За уништувањето на спортската инфраструктура и негрижата на надлежните, пред една недела реагираа и од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде го посочија стадионот во паркот на Могила.

Таму теренот наликува на нива, а трибините се со испокршени столчиња.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.