(Фото галерија) Најградскиот парк стана налик на депонијата кај Алинци: Граѓаните гневни на надлежните!

Паркот Врбејско маало во Прилеп наликува на дива депонија налик на градската депонија кај Алинци.

Пред неколку месеци ЈКП Комуналец започна со реконструкција на еден од поголемите паркови во централното градско подрачје, со план паркот да добие нов лик, техничка вода за наводнување, осветлување и нова урбана опрема.

Денеска паркот наликува на градската депонија кај Алинци.

Градежен шут, преполни контејнери, ѓубре и срчи наоколу, а градежните работи се застанати веќе подолго време.

Граѓаните реагираат на ваквата слика и се незадоволни. Велат дека претходно паркот бил во некаква состојба, а сега со месеци местото за одмор и рекреација им е уништено.

Навистина една грозна слика која од јавното комунално претпријатие “Комуналец” треба во најбрз можен рок да ја средат.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.