(ФОТО) Брнабиќ и партнерка во посета на премиерот на Луксембург и неговиот сопруг

Премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и неговиот сопруг, архитектот Готје Дестенеј, вчера имале приватна средба во градот Луксембург со српската премиерка Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓорѓевиќ.

Бетел, кој е првиот европски премиер кој отворено призна дека е хомосексуалец, вчера на Твитер објави фотографии од оваа средба.

– Утре официјално ќе ја пречекам српската премиерка, а вечерва Готје Дестенеј и јас со задоволство ги поздравуваме нашите пријатели Ана Брнабиќ и Милица и заедно се шетаме низ градот Луксембург. – напиша Бетел, пренесе Блиц.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.