(Фото+Видео) Браќата кои се спасија од Титаник: Цел свет слушна за нивната приказна

Мајкл Навратил бил во процес на развод од својата жена, која го добила старателството над нивните две деца Мајкл Јуниор (4) и Едмонд (2). Тој добил дозвола од сопругата децата со Титаник да ги одведе во Америка, а потоа настанала целата драма.

Се регистрирале како патници од втора класа, а за да ги избегне проблемите со француската полиција таткото на децата им запишал лажни имиња.

Кобната ноќ бродот започнал да тоне, а браќата од кабината ги изнел нивниот татко и уште еден човек. Ги одвеле до чамецот за спасување.

Тоа биле последните моменти кои ги поминале со нивниот татко. Меѓутоа, децата станаа медиумска сензација, бидејќи во тој момент не се знаело дали нивната мајка е жива. Ги нарекувале “сирачињата од Титаник”, а привремено биле сместени во куќата на преживеаната Маргарет Хајс која живеела во Менхетн.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.