Филмот “X-Men: Apocalypse” го покори американскиот Box Office

xmen-apocalypse-film

Изминатиот викенд во американските и канадските кина дебитираше филмот “X-Men:Apocalypse” koj го зазеде првото место на box office.

Oд продажбата на влезниците, филмот “X-Men: Apocalypse” заработи 65 милиони долари, при што зад себе го остави “Alice Through the Looking Glass” , во кој што глумат Миа Вашиковска и Џони Деп, а кој заработи 28,1 милиони долари.

Минатонеделниот лидер “The Angry Birds Movie”, падна на третото место, бидејќи минатиот викенд од продажбата на влезниците заработи 18,7 милиони долари.

На четвртото место се наоѓа филмот “Capitain America: Civil War”, со заработка од 15,1 милин, а на петтото место е “Neighbours 2: Sorority Rising” со 9,1 милион долари заработка.

Десет најгледани филмови во САД и Канада (заработка во милиони долари):

  1. X-Men: Apocalypse – 65

2. Alice Through the Looking Glass – 28,1
3. The Angry Birds Movie – 18,7
4. Captain America: Civil War – 15,1
5. Neighbours 2: Sorority Rising – 9,1
6. The Jungle Book – 6,96
7. The Nice Guys – 6,37
8. Money Monster – 4,25
9. Love & Friendship – 2,49
10. Zootopia – 831,000

A.Г.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.