Учителката на час по општество рекла “Северна Македонија”, а учениците во еден глас извикале: “Учителке, никогаш северна, само Македонија”

Интересен статус се прошири на социјалните мрежи

Родител на Фејсбук ја пренесе случката која и’ ја раскажала нејзината ќерка после часот по општество во едно училиште во Скопје.

“Час по општество и учителката лабаво ја спомнува Република Северна Македонија.

Едно од децата: Учителке, никогаш Северна, само Македонија!

Сите деца во еден глас пеат: Никогаш Северна, Само Македонија!

Ме расплака ова што ми го пренесе ќерка ми. Од среќа! Никогаш по горда не сум била на мојата ќерка, на нашите дечиња!”, напиша Емилија чие презиме нема да го oткриеме со цел да не и’ предизвикаме одредени непријатности.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.