Училиште кое прерасна во БРЕНД на Прилеп! ООУ “Климент Охридски” наградено со плакета по повод 3-ти Ноември-Денот на ослободувањето на Прилеп (ВИДЕО/ФОТО)

Воспитувањето инспирира вредности – е главното мото на ООУ “Климент Охридски” од Прилеп, училиште кое во изминатите години прерасна во врвна образовна институција, која како ретко каде во целата држава ги исполнува сите услови за квалитетен образовен процес.

Под водство на младиот и амбициозен директор, Ахил Јаков, ова училиште прерасна во бренд на Прилеп и често родителите и учениците знаат да кажат дека улилиштето им е налинк на американските колеџи.

Со многу труд, посветена работа и деноноќно залагање, училиштето доби услови кои за жал се нешто непознато и со кое не можат да се пофалат голем број други основни и средни училишта.

Од средена фасада, игралишта, прекрасни паркови површини, до нови подови, ѕидови, прекрасна и опремена спортска сала…. буквално се уредуваше секое со години заборавено ќоше.

Учениците се горди на нивното училиште, а тоа им е и мотив да постигнуваат високи резултати на сите натпревари каде ќе се појават.

Директорот Јаков важи за човек кој знае да менаџира, човек кој постави цврсти темели во оваа образовна институција, строг педагог, но истовремено и голем пријател како со вработените, така и со учениците.

Важи за чаршиски човек, кој умее искуството и менаџирањето во приватниот сектор во минатото, да го примени и во јавниот сектор. Успешните соработки со стопанствениците во минатото, сега ги преточкува во донации и помош за институцијата со која раководи.

Неговата работа и успешност оваа година ја препозна и Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на општина Прилеп, од каде ООУ “Климент Охридски” Прилеп ќе биде наградено со плакета по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.

Нам ни останува да му честитаме на директорот, на целиот колектив и на учениците за сите успеси, и да им посакаме уште поголеми достигнувања во иднина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.