Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и појава на град.
Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

























