УХМР најавува, денеска и утре не’ очекува пресврт со времето

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку денот најизразен ќе биде вдолж Повардарието.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Додека пак во среда времето ќе биде исто така сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

УХМР предупредува дека денеска и утре ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а тоа ќе услови опаѓање на температурата за околу 5 степени (утре на северот, а во понеделник насекаде низ земјава).


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.