Утринска магла и минусни температури- најавен и првиот снег

Утринската температура ќе се движи од -5 до 0, додека максималната дневна ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

За утрешниот ден УХМР најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и на повисоките места во северните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а дневните ќе достигнат максимални 10 степени.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.