Утре е Воведение на Пресвета Богородица: Жените кои сакаат да имаат деца според верувањата треба да испочитуваат еден обичај

Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица. Овој ден во црквениот календар е обележан со црвено и претставува спомен на денот кога Пресвета Богородица е предадена на службата на Бога.

Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена.

Според народните верувања, сточарите го слават Воведение како Богородица како би им ја заштитила стоката од ѕверови, а во некои делови врз основа на времето на тој ден се претскажувал родот на посевите, ведрото небо ветува добра жетва. Во поедини делови обичај е после службата да се остане во црква, каде треба да се појават сите млади кои се венчале оваа есен, а во некои села сите жени кои немаат деца, одат во манастир, како би се молеле цела вечер да добијат пород.

На утрешниот празник, добро е да се отиде на служба во црква. Постот е задолжителен.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.