Северна Кореја врши голема рестрикција врз пристапот на интернет на своите граѓани, но сепак граѓаните имаат пристап и до некои веб страници кои потекнуваат надвор од државата.
Поголем дел од овие веб страници од секогаш биле достапни во државата, но во вторникот беа и јавно претставени.
Листата на веб страниците беше објавена од страна на американски програмер, и на неа се наоѓаат помалку од 30 веб страни. Овие веб страни содржат пропаганда, туристички информации, но исто така може да се најдат и филмови од Северна Кореја.
Граѓаните на Северна Кореја имаат пристап до несофистицирани веб страни кои содржат информации за големиот број активности на лидерот Ким Јонг Ун.
Веб страната cooks.org.kp е исполнета со рецепти од традиионална храна. Исто така содржи информации и за рестораните во Северна Кореја.