Уредничката на “Радио Кавадарци: “Сите песни кои ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата на радиото”

Главната уредничка на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова преку Фејсбук порача дека песните на Тамара Тодевска по вчерашниот скандалот со македонската химна ќе бидат избришани.

Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата од Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку сеуште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци, напиша Митрова


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.