Уплатиле за евтин апартман во Грција, а биле сместени во хотел со 5 ѕвезди

Иако на многумина им пропадна одморот во Грција, сепак некои поминаа подобро отколку што се надеваа. Додека голем број српски туристи мораа да го прекинат одморот заради позитивен тест на Koвид 19, други добија повеќе отколку што платиле.

Тестот кој е направен во автобус со српски туристи на бугарско – грчката граница Промахонас покажал дека две семејства и две другарки кои тргнале на Тасос се позитивни. Прво следел шok, а потоа решение, биле пренесени во koвид – хотел.

Но, хотелот не бил обичен, туку е хотел со 5 ѕвезди. Локалните власти на Тасос донесоа одлука дека сите туристи кои се позитивни и асимптоматски случаи, можат да го продолжат летниот одмор во Koвид хотел. За позитивните туристи е подготвен луксузен хотел со соби со поглед на море и полн пансион, пишува Новости.

Позитивните туристи во Грција резервирале евтини апартмани, а добиле „соvid all inclusive“ во лукс хотел.

Грчките здравствени власти алармираат, бидејќи бројот на заразени е во пораст, а повеќето случаи се поврзани со туристички патувања, особено со оние кои доаѓаат од балканските земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Еден случај кој предизвика посебна загриженост, а станува збор за државјани на Србија кои летувале во Аидипсос во Евија. По тестирањата двајцата сопружници биле позитивни, а здравсвените власти се обиделе да ги идентификуваат нивните контакти, вклучувајќи и го и таксистот кој ги возел до болница“, наведува Катимерини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.