Уништена најубавата прилепска фонтана, детската радост? Битно водата е “изгор” (Видео)

Најдрагата детска радост, воденото перде во центарот на Прилеп изгледа како целосно уништено

Фонтаната на која децата најмногу се радуваат, деновиве изгледа уништена. Функционира само еден водоскок, а одоколу има валкан талог.

Не е познато дали дефектот е поради градежните работи кои се изведуваат на булеварот, или пак поради недостатокот на вода, за кој соопштија од ЈКП Водовод пред неколку дена.

Во недостаток на други забавни содржини, оваа фонатана е вистинска радост за најмалите, па граѓаните апелираат надлежните веднаш да го санираат дефектот, барем додека трае топлото време.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.