Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Светскиот ден на велосипедизмот.
-Денес е Светскиот ден на велосипедизмот. По тој повод првата утринска тура на УЖ ОК Прилеп, од Прилеп – С.Коњари помина во прекрасно расположение, напиша на Фејсбук претседателката на УЖ ОК Прилеп, Ирена Стерјовска.
– И попладневната рута на УЖ ОК Прилеп, на релација Прилеп – Лагово придонесе за позитивна енергија и ведрина која не задолжи за повторно дружење со велосипеди. Денешниот Светски ден на велосипедизмот дефинивно придонесе за менување на менталитетот во интерес на здравјето, животната средина како и добар избор за спортување и рекреација.