Постојат места во кои секој детал има своја приказна, каде што гостопримството е традиција, храната е вистинско гурманско уживање, а музиката создава спомени кои долго се раскажуваат. Таква е Порта – ресторан кој со стил, топлина и посебно чувство за своите гости продолжува да ја негува приказната за убавите моменти.
И овој викенд, Порта подготви музичка програма за одлично расположение, со добро познати музички имиња и атмосфера во која секој настап е причина за ново дружење.
ВО ПЕТОК, 27.11. – ТАЈФАТА!
Викендот започнува со еден од најпрепознатливите музички состави од Прилеп – Тајфата. Со повеќе од две децении музичко искуство, одлични вокали, врвни инструменталисти и репертоар кој ги обединува генерациите, Тајфата знае како да создаде вечер исполнета со емоции, песна и одлична забава.
ВО САБОТА, 28.11. ОД 13:00 ЧАСОТ – ДЕНСКА ЗАБАВА СО ТИАНА И ДАНИ!
Девојките во чии настапи уживавме секоја сабота – Тиана и Дани ќе го исполнат и ова саботно попладне со прекрасна музика, позитивна енергија и препознатлива атмосфера. Совршена можност за убав ручек, дружење со пријателите и неколку часа музичко уживање.
Резервирајте навреме на: 078 368 111
РЕСТОРАН ПОРТА – традиција, гостопримство и моменти создадени за паметење!


























