Тpи во едно: На своето 100-то иcкачyвање на Солyнcка Глава, Владимиp Joванocки од Прилеп славеше poденден и ја запpocи свojaта девojка (Фото)

Еден од најголемите вљубеници во природата од Прилеп, Владимир Јованоски по стотти пат се искачи на врвот Солунска Глава (2.540 м).

Првото искачување го имал пред точно десет години на 09.10.2011, за неговиот 23. роденден, а тогаш до денес убавината на планината и раскошната природа на Јакупица си го направиле своето, па Владимир десет години подоцна се искачи на Солунска Глава по стотти пат.

– После десетина искачувања дојде до идеа да се бројат бројките на самите искачувања. После 10 години од искачувањата, на истиот датум од првото искачување, решив да го направам и моето стотто искачување, а потик ми даде човекот и кралот на Солунска Глава Буран, со кој се договоривме на моето 100че тој да се искачи по 1200-ти пат до врвот, вели Владимир.

За да биди уште позначаен неговиот јубилеј, Владимир се реши да направи три во едно на неговото стотто искачување.

Славење на 33. роденден, стотка до врв и на крај шлагот на тортата, тој ја запроси својата девојка за жена.

Честитки од нас и желби за долг и среќен живот со неговата избраничка. Му посакуваме на нашиот Владимир да го стигне Буран и да се искачи и тој на Солунска Глава 1200 пати.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.