Турција ги доби pуcките pakeтни cиcтeми С-400

Првата пратка од компоненти на руските противвоздушни ракетни системи С-400 пристигна денеска во Турција, соопшти Министерството за одбрана во Анкара.

-Првата пратка од компоненти на системот за противвоздушна одбрана С-400 пристигна во Турција. Испораката се врши во воздухопловната база Муртед“, во близина на главниот град Анкара, истакнаа турски воени претставници.

Набавката на најновите руски системи С-400 предизвика меѓународен скандал меѓу Турција и САД. Вашингтон бараше зделката да биде прекината, а американскиот ракетен систем „Патриот“ да биде набавен во замена. Во случај да биде одбиена понудата, Вашингтон се закани со одложување или прекин на продажбата на авионите-ловци Ф-35 за Турција, како и со санкции, но Анкара одби да се повлече. По средбата на врвот на лидерите од земјите на Г20 во јапонскиот град Осака, ситуацијата меѓу САД и Турција стана помалку тензична, истакна турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција многу пати досега нагласувала дека набавката на воена опрема е суверено право и ја исклучи можноста да се откаже од плановите за снабдување со системите С-400.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.