Трчал маратон за Сиљановска: Почитувам луѓе што не ми ги јадат пациентите

Маратонецот, ветеринар и вегетаријанец Светомир Милошевиќ вчера го истрчал 32. Белградскиот маратон во чест на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

“Слоганот на годинешниов маратон беше: Трчај, уживај и помогни некому. Трчањето и уживањето беа само мои а ако треба во моментов некому да помогнам тогаш овој маратон и го посветувам на почитуваната и идна претседателка на Р. Македонија Гордана Сиљановска Давкова од неколку причини…
Прв пат имаме кандидатка за претседател, вегетеријанец е а исклучиво ги почитувам луѓето што не ми ги јадат пациентите и го носи името на мајка ми а знаеме дека една е мајка ”, порача од Белград по маратонот Светомир Милошевиќ.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.