Трајанов за Република: Мицкоски не прифати уставни измени, СДСМ спинува и ја манипулира јавноста

Пратеникот во македнското собрание и доскорешен владин партнер Павле Трајанов во видео интервју за порталот „Република“, вели дека тврдењата на СДСМ во јавноста оти на лидерската средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прифатил уставните измени се класишен спин и класична манипулација.

“Секојдневните настапи на Ковачевски и другите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле промена на Уставот тоа го злоупотребуват. Не сакаат да ги слушнат другите барања бидејќи тоа е еден пакет кој треба да се направи за да се дојде до прифатливо решение и да не се блокираат евринтеграциските процеси. Но, тоа ќе трае кратко, граѓаните ќе видат дека тоа е класична манипулација и спинови се со цел да ù наштети на опозицијата. Ковачевски целосно ја злоупотреби идејата за национално единство и нема искрени намери за широка влада, посебно не да се откаже од неговиот стратешки партнер ДУИ. Владата на СДСМ со ДУИ е во комплетен пад, нема поддршка од граѓаните кај кои постои разочарување, револт и бес. СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ. Артан Груби во суштина е премиер на Владата. И тука е огромното незадоволство. Не може да се случи мнозинкиот народ да биде згазен од одредена политичка партија. Ако 90 пратеници се од мнозинскиот народ, а 20 или 30 пратеници се под команда на ДУИ, како тие да имаат монопол на целокупните процеси. Ја заглавија државата. Имаме процес на дуизација на државата. И другите партии што се дел од владата имаат крајно фундамeнталистички настап и сакаат да предизвикаат меѓуверски или меѓуетнички и национален судир. Затоа настапуваат екстремно, поставуват барања кои не се прифатливи, но нивните барања многу брзо ги имплементираат Ковачевски и СДСМ. Тоа е клучниот проблем во државата. Јас сум за градење на македонско национално единство”, вели Трајанов за „Република“.

Претседателот на Демократски сојуз, во продолжение на интервјуто вели дека не можел да одлучи кој повеќе лаже во СДСМ, Заев или Ковачевски.

Тоа е матрица на СДСМ. Сѐ ветуваат, ништо не одбиваат, но ништо од тоа не исполнуваат. Во разговорите тие атер не кршат, но работа не вршат, опишува Трајанов.

Тој се потсети на една од најголемите лаги на СДСМ и Заев поврзана со Елисејската палата и Макрон.

Тоа се случуваше кога Заев ги изгуби и започнаа консултации со коалциските партнери. Заев пред сите најавуваше дека веќе има договор дека Макрон ќе организира голем собир во Елисејската палата во Париз, каде што ќе се одржи таа прва меѓувладина конференција и од тој датум ќе започнат пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Тоа беше основа сите ние да поверуваме и да инсистираме оставката на Заев да се одложи по секоја цена со цел ако е тоа историска шанса, да не бидеме ние одговорни дека еве владата паднала поради неединство на коалциските партнери. Ние јасно презентиравме дека ако тоа не се случи, ќе се повлечеме од владата. Ниту Елисејската палата ја видовме, ниту договор и дури во јуни излезе францускиот предлог кој и Стево Пендаровски како претседател го отфрли како и Владата и Ковачевски и по десетина дена со некакви дотерувања и во суштина ништо не се промени го прифатија. Тоа е замката во која влезе Македонија и сега последиците треба да ги разрешуваме или да ги трпиме.

Трајанов смета дека е добро да се создаде една широка коалицска влада поддржана од сите партии и оти тоа е во интерес на нашите национални и стратешки интереси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.